Бени Ганц, член на воениот кабинет на Нетанјаху, најави оставка

Од:

Бени Ганц, еден од тројцата членови на воениот кабинет на Израел, денеска најави дека ќе поднесе оставка, објавија светските новински агенции.

Овој потег не претставува директна закана за премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сè уште ја контролира мнозинската коалиција во парламентот, иако се повеќе се потпира на неговите екстремно десничарски сојузници.

Ганц, министер без ресор и лидер на центристичката партија Национална унија, е дел од воениот кабинет формиран по нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Неговото присуство го зголеми кредибилитетот на Израел кај меѓународните партнери, бидејќи Ганц има добри работни односи со американските официјални лица.

Ганц се смета за фаворит за формирање нова владејачка коалиција во случај на пад на владата на Нетанјаху и предвремени избори. Пред неколку дена Ганц изјави дека враќањето на заложниците од Газа е „приоритет“.

Би можело да ве интересира

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија