Тони Блер сугерира построги мерки за ограничување на мигрантите од ЕУ

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер се заложи за воведување многу поостри мерки за ограничување на влезот на миграните од ЕУ, објаснувајќи дека само мигрантското прашање ги натера луѓето на минатогодишниот референдум, да се определат за Брегзит.

Во интервју за Би-Би-Си , тој рече дека Британија би можела да остане во Унијата, доколку значително се заостри контролата на европските мигранти.

Даунинг стрит 10 одби да ги коментира сугестиите на Блер, но министерот за одбрана Мајкл Фалон кој беше за останување на Британија во ЕУ, но сега е силен поборник на тезата за „почитување на волјата на гласачите“ му замерува на поранешниот премиер дека „задоцнил со предлогот“ што сега и го сугерира на актуелната Влада.

Конзервативците, а посебно антиевропските десничарски ториевци го осудуваат Блер дека како премиер во 2004 година, ја оставил „вратата на Британија отворена“ за мигрантите од тогаш новопримените десет членки од кои осум од земјите на Источна Европа.

– Наместо да се ограничи влезот, како што направија Франција и Германија во 2004 година, Блер и неговата влада дозволија слободен пристап на Источноевропејците до британскиот пазара на трудот, вели министерот Фалон.

Поранешниот премиер меѓутоа, објаснува дека ситуацијата во земјата и во Европа, тогаш и сега била сосема различна.

– Пред 13 години Британија имаше силна економија се до банкарската и финансиската криза во 2008 година, на земјата и беше потребна дополнителна работна сила, а и политичките интереси беа поинакви, тврди Блер.

Тој важи за еден од најсилните активисти против Брегзит, па вели дека го почитува резултатот од референдумот и верува дека актуелната Влада ќе го реализира планот за излез од ЕУ, покривајќи се со референдумското изјаснување, но предупредува дека расположението на гласачите „сега е понакво, отколку минатата година, кога прв пат се гласаше“.

Според сегашните прописи, мигрантите од ЕУ може да се вратат во своите земји ако во рок од шест месеци не обезбедат работа, не ја бараат а земаат социјална помош.

Институтот на Блер за глобална промена, сугерира нови мерки, според кои мигрантите од ЕУ не ќе може да влезат во Британија ако претходно немаат обезбедено работа.

Со новите мерки се предлага мигрантите без работа, да не може да отворат банкарска сметка, да изнајмат стан или да бараат социјални бенифиции, а невработените мигранти да немаат ниту право на бесплатна здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски