Температурите во Австралија растат побрзо

Од:

Ал Џезира – Доха

Австралија до крајот на векот очекува раст на просечната температура од пет степени Целзиусови, што е поголемо затоплување од другите делови во светот, објави надлежната државна агенција.

Во деталната анализа за климатските промени, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation (CSIRO) го опиша најлошото можно сценарио според кое просечната температура во Австралија во 2090 би била за 5,1 степени повисока од денешната, ако не се преземат чекори за ограничување на емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

 Покачување на нивото на морето и кисели океани

– Голема веројатност е жештините да бидат почести и поголеми, изјави врвниот експерт на CSIRO Кевин Хенеси. – Најверојатно нивото на морето ќе се покачи, океаните ќе станат покисели, а снежната покривка потенка, додаде тој.

Катастрофално предупредување на државната CSIRO не е во согласност со официјалните изјави на австралискиот премиер Тони Абот, кој во 2009 година утврди дека научните проценки за климатските промени се измислици.

Минатата година Абот го укина данокот за емисијата на јаглерод диоксид и ја распушти независната комисија за климата, истакнувајќи дека последните суши, кои нанесоа голема штета на одгледувачите на говеда, не се никаква новост за Австралија.

Обама ја предупреди Австралија

Како домаќин на собирот на Г20 минатата година, Абот се обиде да го симне од дневен ред прашањето за климата, што резултираше со понижување на собирот во Бризбејн кога американскиот претседател Барак Обама во својот говор ја предупреди Австралија дека нејзиниот Голем корален гребен е во опасност.

Австралија е меѓу земјите кои емитуваат најмногу јаглерод диоксид по глава на жител во светот, но на почетокот одбиваше да учествува заедно со САД, Јапонија, Франција и други земји во Зелениот климатски фонд на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он