Тела на 15 африкански мигранти откриени на Синајскиот Полуостров

Од:

Египетските власти соопштија дека во северниот дел на Синајскиот Полуостров пронашле тела на 15 мигранти од Африка, кои имале прострелни рани.

Осум други мигранти биле пронајдени живи, но сите повредени.

Полицијата не соопшти од кои африкански земји се убиените и ранетите мигранти.

Засега не е јасно кој стои врз нападот, што се случил во реонот на египетскиот град Рафа, на границата со Појасот Газа.

На Синајскиот Полуостров египетските безбедносни сили војуваат со припадниците на локална исламистичка милитантна група, која од минатата година е поврзана со џихадистите од Исламска држава (ИД). Засега не е јасно дали убиените мигранти од Африка може да се поврзат со дејствувањето на џихадистите на Полуостровот.

Од октомври 2014 година властите во Египет прогласија вонредна состојба во реонот на Синај.

Би можело да ве интересира

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се