Тедрос: Растот на нови случаи е критичен момент за дејствување

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека неодамнешниот пораст на случаите на Ковид-19 во многу европски и северноамерикански земји е критичен момент за лидерите да преземат акција.

– Ова е уште еден критичен момент за лидерите да го зајакнат дејствувањето. И уште еден критичен момент луѓето да се обединат за заедничка цел. Искористете ја можноста, не е доцна, рече Тедрос.

Тој се обрати на редовниот брифинг со новинарите во Женева од неговиот дом, каде што се наоѓа во самоизолација, откако на Твитер објави дека контактирал со лице кое било заразено со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО