Тедрос: Испорачани над милијарда вакцини, од нив најсиромашните земји добиле само 0,3 проценти

Од:

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денеска изјави дека во светот се дистрибуирани повеќе од милијарда дози вакцини, но 82 проценти од дозите завршиле во земјите со висок или средно висок стандард.

Директорот на СЗО речe дека само 0,3 проценти од вакцините биле дистрибуирани во земји со ниски приходи.

– Тоа е реалноста, рече Тедрос на онлајн здравствена конференција, организирана од Португалија.

Тој додаде дека пристапот до вакцините е „еден од најголемите предизвици на пандемијата“ и оти јавното здравје е „основа на социјалната, економската и политичката стабилност“.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО