„Тајмс“: Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови

Од:

Британскиот весник „Тајмс“ информира дека украинскиот претседател Володимир Зеленски преживеал најмалку три обиди за атентат во последните денови.

„Тајмс“ неодамна објави дека платеници од т.н Вагнер група и чеченски специјални сили биле испратени да го елиминираат Зеленски.

Весникот пишува дека на Украина за плановите за атентат и дојавиле некои членови на руската Федерална служба за безбедност, кои се против војната, и оти припадниците на Вагнер групата претрпеле загуби во нивните обиди да го убијат Зеленски.

– Неверојатно е колку е добро информиран тимот што го чува Зеленски, изјавил извор за Тајмс, додавајќи дека еден обид за атентат се случил во саботата и цитира изјава на Украина дека чеченските атентатори биле елиминирани во предградие на Киев.

Британски „Тајмс“ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Група Вагнер да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Групата Вагнер е приватна милиција која, според „Тајмс“, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кој често се нарекува „готвачот на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентат на Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски