СЗО почна разговори со Москва за проверка на руската вакцина за Ковид-19

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) за Европа соопшти дека започнала разговори со Русија во обид да добие повеќе информации за експерименталната вакцина против Ковид-19, која Москва неодамна ја одобри.

Минатата недела Русија беше првата земја во светот во која беше одобрена вакцина против коронавирусот. Меѓутоа, големо кршење на научниот протокол е фактот што вакцината не го минала потребното проширено клиничко испитување пред давањето лиценца, кое е потребно за да се докаже делотворноста.

Руските власти тврдат дека вакцината ќе обезбеди траен имунитет на Ковид-19, но за тоа не понудија докази.

Кетрин Смолвуд, висока функционерка во СЗО задолжена за вонредни состојби , рече дека СЗО започнале „директни разговори“ со Русија и дека официјалните претставници на Организацијата ја известиле Москва за „серија чекори и информации потребни за СЗО за проценка“ на вакцината.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека СЗО го поздрави напредокот во развојот на сите вакцини, но дека секоја мора да достави клиничко испитување.

Клуге истакна дека Русија има долга историја на развој и употреба на вакцини, вклучително и против жолта треска и детска парализа.

– Загриженоста за безбедноста и ефикасноста на вакцините не се однесува само на Русија, туку за сите кои се во развој, рече Смолвуд.

Таа потврди дека СЗО се обидува да го забрза развојот на вакцините против коронавирусот, но рече дека сепак од „суштинско значење е да не се оди по покусиот пат кога станува збор за безбедност или ефикасноста“.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски