СЗО: Организацијата на безбедни Олимписки игри во Токио нема да биде лесна задача

Од:

Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека организирањето безбедни Олимписки игри во Токио следната година нема да биде лесна задача.

Тој на заедничка прес-конференција со претставниците на Меѓународен олимписки комитет повика на единство и меѓународна солидарност.

– Нема да биде лесно, но се е во наши раце. Ако работиме најдобро што знаеме, посебно со национално единство и меѓународна солидарност, мислам дека е можно, посочи Гебреисус.

Отворањето на летните Олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од повеќе од 200 држави, закажано е за 23 јули 2021 година.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски