СЗО ја одобри вакцината на Новавакс против коронавирус

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината против коронавирус на американската компанија Новавакс и Серум институтот во Индија, што ја отвори вратата за нејзино вклучување во програмата Ковакс.

Вакцината позната како Ковавакс (CovavaxTM) е деветта одобрена од СЗО за итна употреба.

Иако долго се очекуваше дека вакцината Ковавакс ќе придонесе за зголемување на глобалните испораки, бидејќи таа може да се чува во обичен фрижидер, прашање е колку дози и кога Институтот може да испорача.

Одобрувањето на вакцината треба да го зголеми пристапот до вакцини, особено во посиромашните земји, од кои 41 сè уште не вакцинирале ни 10 отсто од населението, додека 98 имунизирале помалку од 40 проценти.

Програмата Ковакс, поддржана од ОН, која е заслужна за испорака на вакцини против коронавирус во многу сиромашни земји, се очекува да добие околу 1,35 милијарди дози од вакцината Ковавакс од Серум институтот, најголемиот производител на вакцини во светот.

Вакцината на Новавакс е сосема различна од најчесто користените вакцини за коронавирус. Станува збор за протеинска вакцина, направена со постара технологија која со години се користи за производство на други видови вакцини.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО