СЗО ја одобри индиската верзија на вакцината на Астразенека, која ќе сочинува најголем дел од пакетот КОВАКС за сиромашните

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри за итна употреба вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд, произведена по лиценца од страна на Институтот за серум од Индија, најголемата светска фабрика за вакцини.

Покрај ова, уште една верзија на оваа вакцина, произведена од „АстраЗенека-СКБио“ (од Јужна Кореја) е одобрена за итна употреба, јавија британските медиуми.

Со овој потег, се отвора можноста за исполнување на планот за распределба на вакцини КОВАКС, кој го надгледува Светската здравствена организација. СЗО на почетокот на месецов соопшти дека преку програмата ќе бидат распределени околу 330 милиони вакцини против коронавирусот за неразвиените и земјите во развој.

Предвидено е вакцините да бидат дистрибуирани до крајот на првата половина од годината, а според СЗО, главнината од дозите наменети за овие земји (над 70 отсто) ќе сочинуваат токму вакцините произведени во Индискиот институт за серум.

103,200 дози вакцини од овој пакет преку програмата КОВАКС треба да добие и Македонија.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО