СЗО: Ги анализираме извештаите поврзани со АстраЗенека, засега нема докази

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека нејзиниот советодавен одбор ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19, но дека досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

– Штом СЗО добие целосен увид во настаните, своите налази и какви било измени во сегашните препораки ќе бидат јавно објавени веднаш, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер.

Тој додаде дека до моментов, нема докази дека инцидентите биле предизвикани од вакцината.

– Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот, рече Линдмаер.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.

На прашањето дали може да ги увери луѓето дека вакцината е сигурна, Џонсон потврди дека може.

– Во MХРА (британска агенција за лекови) ги имаме најискусните регулатори во светот. Тие воопшто не гледаат причина да ја прекинат програмата за вакцинација. Значи, ние сме сè уште многу сигурни во програмата и убаво е да се види дека вакцинацијата се спроведува толку брзо низ Велика Британија, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО