Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Северна и Јужна Америка издаде препорака за одложување на масовни, празнични собири за време на Божиќните празници, бидејќи се зголемува бројот на новоинфицирани со коронавирусот.
Помошникот директор на Панамериканската здравствена организација Харбас Барбоза, исто така, апелираше верските собири да се организираат или на отворено или со ограничен број присутни верници.
Во Јужна и Северна Америка во изминатите седум дена се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на Ковид-19, што е најголем неделен број на новоинфицирани од почетокот на пандемијата, соопшти денеска организацијата.