Судир на полицијата и демонстрантите на аеродромот во Хонгконг

Од:

На аеродромот во Хонгконг денеска дојде до судир меѓу демонстрантите и интервентната полиција, која околу 15 часот по средноевропско време влезе на терминалот, каде поради протестите е оневозможена работата на овој фрекфентен аеродром веќе два дена. Полицијата се повлече после 15 минути, откако стотици туристи и дел од демонстрантите истрчаа од излез на друг терминал.

Полицајците користеја бибер спреј во обид да ги растераат демонстрантите, кои го блокираа влезот на терминалот со колички за багаж.

Демонстрантите пак, фатија две лица под сомнение дека се тајни агенти. Со помош на возило на Брза помош осомничените агенти беа извадени од аеродромската зграда.

Во текот на денот, кус период се одвиваа летови, за потоа повторно да бидат откажани сите полетувања. Претседателката на извршната власт на Хонгконг Кери лам предупреди дека демонстрантите ја свртеле ситуацијата на „пат без враќање“.

Европската унија ги повика „сите страни“ да покажат воздржаност, во услови на растечки тензии и немири во Хонгконг.

– Со оглед на постојаните немири и зголемувањето на насилните инциденти во Хонгконг, клучно е сите страни да покажат воздржаност, да отфрлат секаков вид насилство и да преземат итни чекори за деескалација на ситуација, изјави портпарол на ЕУ.

– Сега е поважно од кога и да било да се иницирао политички процес на широк и инклузивен дијалог, во кој ќе учествуваат сите клучни засегнати страни, порача претставникот на Унијата.

Демонстрантите, кои неколку дена го окупираат аеродромот во Хонгконг, поради што од вчера откажани се сите летови од него. Голем број меѓународни патници се заглавени на аеродромот во Хонгконг поради протестите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина ги придвижува трупите кон границата со Хонгконг, каде веќе 10та недела се одвиваат антивладините протести, и каде денеска дојде судир меѓу полицијата и демонстрантите на меѓународниот аеродром.

„Нашата разузнавачка служба нè информираше дека кинеската влада ги придвижува трупите на границата со Хонгконг. Секој треба да биде мирен и безбеден!“ порача Трамп на Твитер.

Официјален Пекинг соопшти дека војската и единици на разузнавачките служби почнале голема воена вежба, која не е поврзана со протестите, а се одржува во Шенжен, оддалечен 25 километри од Хонгконг.

Претходно официјалниот весник на Комунистичката партија на Кина „Пипл дејли“ објави дека Народната вооружена полиција во Шенжен е подготвена да спречи „немири, вознемирување, големо насилство и злосторство и прашања на социјално обезбедување поврзано со тероризмот“.

Додека кинеското издание на „Глобал тајмс“ утрово објави дека „доколку демонстрантите во Хонгконг не можат да го прочитаат сигналот за вооружената полиција која е во Шенжен, тогаш тие бараат самоуништување“.

Поранешната британска колонија Хонгконг со месеци е зафатена со протести, првично насочени против предлог-законот за екстрадиција и гонење во Кина, за да прерасне во барања за поголема демократија. Од почетокот на протестните митинзи во јуни, полицијата уапси повеќе од 600 луѓе.

Би можело да ве интересира

Се подаруваат 500.000 авионски карти

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Први парламентарни избори во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски

О’Брајан: САД ќе воведат санкции за Кина доколку го примени законот за Хонгконг

Ландов

Новогодишни протести во Хонгконг