Судбината на 1,3 милиони лица по Втората светска војна е се уште неизвесна

Од:

Судбината на 1,3 милиони лица, кои без трага исчезнале за време на Втората светска војна, останува неизвесна 70 години по крајот на војната, соопшти германскиот Црвен крст.

Организацијата наведува дека секоја година добива по над 10.000 барања за пронаоѓање информации за овие луѓе.

– Истрагите за судбината на исчезнатите војници и цивили, како и на раселени лица од Втората светска војна, остануваат главна цел на службата при Црвениот крст за пронаоѓање на луѓе, изјави шефот на организацијата Рудолф Зајтерс, неколку дена пред одбележувањето на 70-годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија на 8. мај 1945 година.

Дорота Џивоки, која го предводи контролниот центар на службата за пронаоѓање на лица, истакна дека се уште се прават анализи на податоците од руските архиви.

Според неа, повеќето од барањата се од пензионери, кои сакаат да знаат кога и каде загинале нивните роднини, како и каде се погребани.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

A1on

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

А1он

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска