Полска бара oтштета за Втората светска војна, Германија вели дека се е подмирено

Од:

Полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау потпиша дипломатска нота до Германија во врска со репарациите од Втората светска војна со која се официјализираше барањето на Полска за репарации.

Потегот уследи откако полските владејачки националисти минатиот месец проценија дека Германија и должи на земјата 1,26 милијарди долари. Германија, најголемиот трговски партнер на Полска, рече дека сите побарувања за пари поврзани со војната се подмирени.

Во војната загинаа околу 6 милиони Полјаци

„Нотата го изразува ставот на полскиот министер за надворешни работи дека страните треба да преземат итни чекори за трајно и ефикасно решавање на прашањето за последиците од агресијата и германската окупација“, рече Збигњев Рау на прес-конференција.

Околу шест милиони Полјаци, вклучително и три милиони полски Евреи, беа убиени за време на војната, а Варшава беше срамнета со земја по востанието во 1944 година во кое загинаа околу 200.000 цивили.

Би можело да ве интересира

Мистериозна смрт на Албанец во Германија: Телото пронајдено во шума, тинејџер ја презеде вината

Горан Наумовски

Снежно невреме во Германија и Швајцарија

Горан Наумовски

Поради невремето откажани над 150 летови во Германија, локалните патишта се покриени со снег

Горан Наумовски

Спречен терористички напад во Германија

Тројца тинејџери повредени во напад со нож во средно училиште во Полска

Претреси во четири германски сојузни покраини, акција против радикалните исламисти