Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Од:

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок на Одборот за транспарентност за собрани донации од акцијата на Црвениот крст на РСМ за помош на настраданото население од катастрофален земјотрес во Република Турција и Сириска Арапска Република.

-По повод силниот катастрофален земјотрес кој на 6 февруари 2023 година ги погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени и на жал човечки загуби, Црвениот крст на РСМ веднаш упати повик за обезбедување на донации во парични средства од граѓаните и правните субјекти, но и материјални добра приоритетно потребни за настраданото население. На 20.03.2023 година Црвениот крст на РСМ организираше настан со цел да се заокружи хуманитарната акција за помош, се наведува во соопштението од Црвениот крст на РСМ.

На состанокот генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити ги информираше присутните за преземените активности и дека вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош, а останатите се во финансиски средства.

Членовите на Одборот на состанокот направиле увид на уплатените средства во Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ – донации од правни субјекти и граѓани, преку финансиски документи кои беа ставени на располагање (преглед на изводи на уплатени средства).

-Дискутирано беше и за поделбата на износите од донациите кои немаат изразена намена на средства за која земја, начинот како ќе биде префрлена односно соодносот по настанати жртви ќе се земен за сооднос за пресметка за префрлање на средства. За населението во Турција ќе се префрлат средства на сметката на Турска Црвена полумесечина додека средствата за населението во Сириската Арапска Република ќе бидат префрлени на наменскиот повик за донации на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, се наведува во соопштението од Црвениот крст на РСМ.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски