Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

Од:

Компанијата Фруктал донираше производи на Црвениот Крст и СОС Детско село. Донацијата се состои од 20 000 литри овошни сокови Фруктал и е наменета за спроведување хуманитарни активности за поддршка на ранливото население во нашата земја.

Со 80-годишна традиција, компанијата продолжува со својата доследност во спроведувањето на совесна политика на општествено одговорно работење и грижа за заедницата. Со оваа донација, Фруктал Мак АД Скопје уште еднаш ја потврдува својата посветеност на добросостојбата на локалната заедница и ја промовира грижата за заедницата и хуманоста како основни вредности во своето работење.

„Овој гест на солидарност и грижа ни овозможува да им обезбедиме на децата и младите луѓе поддржани од СОС Детско село потопло и поубаво воспитување. Ние ги цениме партнерствата што менуваат животи и заедно градиме побезбедна иднина за секое дете“, велат од СОС Детско село.

„Црвениот крст изразува голема благодарност до компанијата Фруктал за донацијата на овошни сокови. Оваа донација е од исклучително значење за спроведување на хуманитарни активности и обезбедување поддршка на луѓето на кои им е најпотребна помош. Со вашите општествено одговорни активности, покажавте дека солидарноста и хуманоста се основните вредности што ги негувате и промовирате“, изјави извршниот директор на Црвениот крст, Саит Саити.

Оваа иницијатива е продолжение на долгогодишните напори на компанијата за помош на ранливите социјални групи и категории на населението, особено на најмладите. Ваквите хуманитарни донации имаат за цел да ја подигнат јавната свест и да ја истакнат важноста на донациите и спонзорствата.

Би можело да ве интересира

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес