Возиме со срце – бидејќи семејството е моторот кој нѐ движи

Од:

СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа.

По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете.

Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии и поддржувачи, кои направија кружна рута низ централното градско подрачје на Скопје, движејќи се по булеварите „Илинден“, „Св. Климент Охридски“ и „8 Септември“.
Со ова дефиле, учесниците ја потсетија јавноста дека семејството не е само место каде што растеме, туку чувство на сигурност, грижа и припадност.

За децата и младите кои растат без родителска грижа, поддршката од заедницата значи многу повеќе од симболичен гест. Таа е порака дека не се сами, дека некој ги гледа, ги слуша и верува во нивната иднина.

„Семејството е првата сигурност на едно дете. Кога таа сигурност недостасува, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која децата и младите ќе почувствуваат дека припаѓаат, дека се важни и дека имаат поддршка да растат и да се развиваат. Во изминатите 25 години, СОС Детско село помогна да се променат 6090 животи на деца, млади и семејства кои добија нова шанса за посигурна иднина,“ велат од СОС Детско село.

Мото клуб „Вепар“ со своето учество покажа дека поддршката може да дојде во различни форми- преку присуство, солидарност и заедничка испратена порака.

„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него,“ порачаа од Мото клуб „Вепар“.

Мото дефилето е дел од активностите во јубилејната година на СОС Детско село, кое одбележува 25 години посветена работа и грижа за децата и младите без родителска грижа како и семејствата во социјален ризик.

СОС Детско село продолжува да ја подигнува јавната свест за важноста на семејството, грижата и поддршката од заедницата, бидејќи „Ниту едно дете не треба да расте само“

Би можело да ве интересира

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

Кога довербата и грижата растат заедно со децата – Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село

25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

Компанијата ФРУКТАЛ донираше овошни сокови на Црвениот Крст и СОС Детско село

А1он

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

Компанијата Зегин и СОС Детско село – пријателство кое трае

Ана Ололовска