Суд во Рим одобри закотвување на бродот „Опен армс“ во Италија

Од:

Административниот суд во Рим денеска донесе пресуда дека бродот на шпанска хуманитарна организација „Опен армс“, со 160 мигранти на него, може да вплови во италијанските води. Судот ја усвои жалбата на таа организација на забраната бродот да се закотви во Италија, која ја донесе италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Поради забраната на Салвини, бродот на шпанската организација чекаше две недели за дозвола за закотвување на италијанскиот брег.

Во овој период, според организацијата Опен армс, на некои мигранти на бродот им се влошило здравјето.

Италијанскиот суд во образложението на пресудата посочил дека е изречена поради исклучително тешката и итна состојба на мигрантите на бродот.

Шпанската невладина организација исто така изјави дека нејзиниот брод сега се движи кон италијанскиот брег.

Набргу по пресудата на италијанскиот суд, Салвини рече дека ќе продолжи да се спротивставува на влегувањето на хуманитарните бродови во италијанските пристаништа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов