Столтенберг: Русија и Западот не се во состојба на нова Студена војна

Од:

Русија и Западот не се во состојба на нова Студена војна, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јави ТАСС.

– Ние не се наоѓаме во состојба на нова Студена војна. Тогаш од една страна постоеше Варшавскиот договор, а од друга страна НАТО. Тоа беше глобален конфликт, спротивставување на две идеологии, рече Столтенберг.

Според него, не треба да се преувеличуваат опасностите и да се драматизира ситуацијата, рече Столтенберг.

– Не гледаме непосредни закани, затоа што НАТО е најмоќниот одбранбен сојуз на сите времиња. И во исто време ние си имаме работа со Русија, која е уверена во своите сили, која го нарушува меѓународното право, рече генералниот секретар на Алијансата.

– Денес ние се судираме со нови закани, додаде тој и ја посочи како пример џихадистичката група „Исламска држава“, насилството во Ирак, војната во Сирија, конфликтите во Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата