Спутник создава долгорочен имунитет кај 90 проценти од вакцинираните

Од:

По вакцинацијата со Спутник В кај 90 проценти од луѓето се создава долгорочен имунитет покажало истражувањето на Аргентинскиот државен совет за научни и технолошки прашања.

“Новата аргентинска студија покажува дека клеточниот имунитет кој обезбедува долгорочна заштита од Ковид-19, се создава кај 90 проценти од имунизираните со Спутник В“ – соопшти Рускиот инвестициски фонд цитирајќи извештај објавен во „La Nasionu“.

Истражувањето покажало дека по вакцинацијата со Спутник, т-клетките кога повторно ќе дојдат во контакт со вирусот брзо создаваат антитела и “клетки убијци“ кои го уништуваат вирусот.

Податоците за истражувањето се собирани од неколку земји меќу кои и Србија, Бахреин, Унгарија и Мексико.

Спутник В досега е одобрен во 67 земји во кои живеат 3,5 милијарди луѓе.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски