„Спицер“ и „Свифт“ открија нова џуџе ѕвезда

Од:

Американската вселенска агенција НАСА, преку своите телескопи „Спицер“ и „Свифт“, а со помош на методот наречен „гравитациска микролеќа“, откри нова кафена џуџе ѕвезда, пишува „Астрофизикал Џурнал“.

Кафените џуџиња се мали ѕвезди коишто обично орбитираат околу поголема ѕвезда. Во просек, нивниот размер и зафатнина се околу 80 пати поголеми од оние на Јупитер, да речеме. Она што е интересно е тоа, што се откриени многу малку кафени џуџиња близу Сонцето.

Гравитациската микролеќа е метод преку кој астрономите ги откриваат невидимите објекти во вселената. Тоа всушност претставува „зумирање“ преку гравитациското поле на еден или неколку објекти, што се наоѓаат меѓу објектот кој се набљудува и леќата на телескопот.

– Сакаме да разбереме како кафените џуџиња се формираат околу други ѕвезди и зошто има празнина меѓу местото каде што се наоѓаат и ѕвездите околу кои орбитираат, вели Јоси Шварцвалд од Лабораторијата за реактивни машини при НАСА во Пасадена.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало