Снимки од моментот на експлозијата во Бејрут – засега најмалку 78 мртви и 4.000 повредени

Од:

Морничави снимки од стравотната експлозија во Бејрут, Либан, речиси без прекин се споделуваат во јавноста, по трагичниот настан денеска, каде што загинаа најмалку 78 луѓе, а повеќе од 4.000 се повредени.

Луѓето што го снимале црвениот чад кој се издигнал од магацин од бејрутското пристаниште во близината на центарот на Бејрут, не ни претпоставувале дека може да се случи толкава експлозија, за што сведочат и снимките на граѓаните направени во моментот на трагедијата.

На една од снимките се гледа како во моментот на експлозијата, една жена во раце го грабнува детето и бега, немајќи претстава што се случува. Татко, пак, во истиот момент кога го чувствува потресот, го зема детето и го засолнува под маса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Explosion en Beirut el Libano (@beirut.explosion) on

На дел од снимките, пак, се гледа како луѓето додека се на работа, во продавница или на улица ја дочекуваат експлозијата, иако се оддалечени и по десетина километри од местото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?? ????? ???? (@el_gordodice1.0) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yara Srour (@yarasrour) on

Последните податоци на надлежните се дека експлодирале 2.700 тони амониум нитрат кои биле запленети и се чувале во пристаништето во Бејрут. Амониум нитратот се користи за ѓубрива и за експлозив, тој не гори, но неговата стапка на согорување се зголемува во присуство на запаливи материи, и во отсуство на кислород.

Кога амониум нитратот ќе се загрее и стопи, тој ослободува токсични гасови, а кога загревањето е прекумерно, како за време на пожар, предизвикува експлозија.

Токму од овие причини, либанските власти ги повикаа граѓаните да го напуштат Бејрут или да останат затворени во своите домови, поради смртоносните последици што може да ги предизвика експлозијата и можноста од кисели нитратни дождови.

Болниците во Бејрут се преполни. Многумина останаа заглавени под урнатините во куќите.

Во либанските медиуми се вели дека јачината на експлозијата била 5,4 килотони, што е за една третина помалку од јачината на атомската бомба во Кирошима и Нагасаки.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд, давајќи изјава за медиумите по стравотната експлозија, не можеше да ги запре солзите, споредувајќи ги овие два настани.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека многу луѓе засега се водат како исчезнати.

„Луѓето се јавуваат во центрите за итна помош, барајќи ги своите блиски, а потрагата е тешко да продолжи бидејќи е темно, а нема струја. Се соочуваме со вистинска катастрофа и ќе треба многу време за да се измерат последиците со кои ќе се соочиме“, изјави либанскиот министер за здравство Хамад Хасан.

Претседателот на Либан, Мишел Аун, рече дека ќе биде прогласена вонредна состојба во наредните две недели и дека утре ќе се состане кризниот штаб од неговиот кабинет.

Додека од речиси секоја држава од светот се нуди помош и се изразува сочувство, засега непознати остануваат причините за несреќата.

„Ова личеше како ужасен напад врз Либан, и САД се подготвени да ѝ помогнат на државата со која имаме добри односи“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во меѓувреме, граѓаните на Бејрут ги отвораат своите домови – нудат помош за сите оние кои немаат каде да ја поминат ноќта бидејќи нивните куќи и станови се урнати од експлозијата.

На посебна мапа која се шири на интернет, може да се видат локациите за тоа на кои места можат да ја поминат ноќта оние кои вечерва се соочија со трагедијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

Се запали цистерна во близина на бензиска пумпа на автопатот Велес-Градско – Пожарникарите спречиле да експлодира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Почина жената која беше повредена во експлозијата во Параќин

Жена е тешко повредена во експлозија во Параќин

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи