Словенија: Уапсен Андреј Шишко, лидер на таканаречената „Штаерска стража“

Од:

Словенечката полиција го уапси лидерот на т.н. „Штаерска стража“ Андреј Шишко, по кого издаде потерница бидејќи не се пријави за отслужување затворска казна заради поттикнување на поткопување на уставниот поредок.

Шишко денеска беше приведен откако пристигна со припадниците на Штаерска стража за да ја одбележи убиството на партизанскиот Похорски баталјон  кај Словенска Бистрица, на кој беше и претседателот на државата Борут Пахор, кон кого Шишко се обиде да пристапи, јавуваат словенечките медиуми.

Тој беше уапсен од полицијата во моментот кога се обиде да му пристапи на претседателот Пахор, на што тој не се спротивстави, а по тоа беше однесен во затвор, објави мариборски  Вечер.

Пахор реагираше и на апсењето велејќи дека сите се должни да го почитуваат човековото достоинство, но и достоинството на настаните во чест на националното минато.

За лидерот на т.н. Штаерска стража пред две недели беше распишана потерница бидејќи тој не одговори на повикот за отслужување затворска казна.

Шишко беше осуден на осум месеци затвор за поттикнување насилна промена во уставниот поредок додека ги постројуваше своите приврзаници во близина на Марибор, но беше ослободен од притвор по шест месеци и изрекување неправосилна пресуда.

Во меѓувреме, неговата жалба против првостепената пресуда беше одбиена.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он