Следниот самит на Г7 ќе се одржи во јуни во Баварија

Од:

Следниот самит на Г7 ќе се одржи во Шлос Елмау, во германската покраина Баварија, од 26 до 28 јуни 2022 година, јави денеска ДПА.

-Со нетрпение очекуваме целиот свет да дојде во Баварија, изјави денеска покраинскиот премиер Маркус Зодер во Минхен.

Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Г7 следната година, а ќе биде домаќин на лидерите од Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД, пренесува германската агенција.

Германија последен пат беше домаќин на Г7 во 2015 година, кога самитот се одржа на истото место – луксузен хотел во планините во близина на Гармиш-Партенкирхен.

Би можело да ве интересира

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он

Г7: Испраќаме 32 милијарди долари во Украина следната година, подготвени сме да дадеме и повеќе

Ана Ололовска

Г7 и Австралија го потврдија ограничувањето на цената на руската нафта

Катерина Павлова-Николовска

Г7 се согласи да ги координира истрагите за воените злосторства во Украина

Горан Наумовски

Нафтата падна на 86 долари поради планот за ограничувањето на цената на руската нафта

Катерина Павлова-Николовска

Земјите од Г7 сакаат да ја ограничат цената на руската нафта

А1он