Сириските курди побараа од Москва и Дамаск заштита од Турција

Од:

Москва и Дамаск се должни да ги заштитат териториите што се наоѓаат под контрола на сириските Курди, изјави советникот во администрацијата на автономијата на северот и истокот од Сирија (AANES) Бадран Џакурд.

Сириските демократски сили (СДС) претходно соопштија дека американските сили си заминале од границата со Турција во Северна Сирија, нарушувајќи го постигнатиот договор со курдските сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изјави дека американските војници ја напуштаат територијата во Северна Сирија, каде Турција планира да спроведе воена операција против курдските сили.

-Русија и Дамаск треба да ја преземат одговорноста за заштита на нашиот регион од турскиот напад, затоа што тоа, исто така, ќе ги засегне руските интереси, рече Џакурд.

„Секогаш сме признавале и верувале во важноста од водењето на сериозен дијалог со Дамаск. Секогаш ќе бидеме отворени за постигнување на оваа цел. Русија може да одигра улога во ова и веруваме дека тоа ќе биде од исклучително големо значење“, рече Џакурд.

-Ќе направиме се што е можно да го заштитиме нашиот регион од секакви напади и да го заштитиме нашиот народ. Се надеваме дека Русија ќе успее да ја одигра својата улога во обновување на дијалогот за надминување на кризата во Сирија, и сме подготвени за оваа цел да го обновиме дијалогот со Дамаск, додаде Џакурд.

Тој забележа дека денешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп не им служи на напорите за постигнување на мирот и борбата со тероризмот. Според него тоа покажува дека „двајцата сојузници во НАТО постигнаа спогодба за зачувување на нивните интереси заради нивниот стратегиски сојуз, и покрај разликите меѓу нив“.

-Почеток на секоја војна во нашиот регион ќе има катастрофални последици за сите земји. Тоа ќе се одрази не само на Курдите, туку и на постоењето на другите заедници, како Асирците и Ерменците, како и Арапите, рече советникот.

Според него, Турција ќе искористи радикални групи за создавање на меѓурелигиски конфликт. Тој додаде дека заканата доаѓа и од илјадниците борци на терористичката Исламска држава и нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелскиот напад на Дамаск

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Московскиот суд издаде налози за апсење на судии на МКС вклучени во случаи поврзани со Русија

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски