Озел: Секој кандидат може да го победи Ердоган на изборите

Од:

Претседателот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Озгур Озел денеска изјави дека секој чекор за законска забрана за кандидатура за градоначалник на Истанбул само ќе ја зајакне поддршката за неговата партија и оцени дека секој кандидат може да го победи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на изборите.

Во интервју за Ројтерс ден по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, тој рече дека Ердоган се плаши од какви било избори.

Озел оцени дека Ердоган сака да го назначи својот доверлив човек да го замени Имамоглу за градоначалник на Истанбул, но исто така нагласи дека турската опозиција ќе спроведе „најсилна демократска реакција“ на секој таков потег.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо, можеби Ердоган би можел да интервенира

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он