Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

Од:

Во Турција денес стапи на сила забрана за пристап до социјалните мрежи за деца помлади од 15 години.

Процесот на проверка на возраста за постоечките кориснички сметки ќе трае до 31 март 2027 година; во текот на овој преоден период, операторите на социјалните мрежи постепено ќе ги затвораат постоечките сметки што им припаѓаат на деца, пренесува агенцијата Анадолија.

Кон средината на октомври, Турција им забрани на давателите на услуги на социјалните мрежи да нудат услуги на малолетници помлади од 15 години, согласно новите прописи донесени од Дирекцијата за сајбер-безбедност.

Во прописот се наведува дека давателите на услуги „не смеат да обезбедуваат услуги за деца кои немаат наполнето 15 години“.

Исто така, од давателите на услуги се бара да понудат приспособени услуги и да спроведат соодветни мерки за корисниците постари од 15 години, во согласност со прописите. Понатаму, при проверката на возраста мора да се даде приоритет на заштитата на личните податоци, при што ќе се користат методи со кои само се утврдува дали корисникот го исполнува возрасниот услов, без притоа да се утврдува неговиот идентитет.

За да пристапат до некоја социјална мрежа, корисниците ќе треба да поминат низ процес на проверка на идентитетот преку владината платформа за електронски услуги, „e-Devlet“.

Потоа, тие ќе добијат дигитален токен што содржи информации за нивната возраст. Доколку се помлади од 15 години, пристапот ќе им биде одбиен; доколку имаат меѓу 15 и 18 години, ќе можат да пристапат до социјалната мрежа, но со одредени ограничувања.

Испраќањето пораки ќе биде возможно само со сметки на пријатели, преносите во живо ќе бидат забранети, а корисниците нема да гледаат реклами наменети за возрасни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации