Сириски и курдски борци пристигнуваат за одбрана на Кобане

Од:

Група од околу 150 борци на Слободната сириска армија преминаа денеска од Турција во Сирија за да им се придружат на курдски борци во одбрана на Кобане од џихадистите од Исламска држава, додека во Турција пристигнаа курдски борци од Ирак.

Официјален турски претставник кој побара анономност рече дека борците од Слободната сириска армија ја преминале границата во текот на ноќта.

Сириската група за човекови права со седиште во Лондон ја потврди таа информација, но наведе дека се работи за 50 борци.

Прокурдски медиуми јавија дека борците ја преминале границата со осум возила на граничниот премин Мурситпинар.

– Во Турција денеска пристигна група курдски борци од Ирак, Пешмерги на пат кон Кобане во Сирија. Се очекува ирачките Курди со себе да донесат и голем број противтенковско и противоклопно оружје, наведе Салех Мослем, копретседавач со Партијата за демократско единство на сириските Курди.

Мослем додаде дека оружјето ќе помогне на борците од Курдската народна одбрана во одбраната на градот од екстремистите од ИД кои во нападите врз Кобане користат оклопни возила и тенкови.

Мисијата на 150 ирачки Курди следува откако Анкара се согласи за преминување низ турска територија на Пешмерги во Сирија.

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави за Би-Би-Си дека испраќањето Пешмерги е „единствен начин да му се помогне на Кобане бидејќи други држави не сакаат да испратат копнени сили“.

Екстремистите од ИД покренаа офанзива врз Кобане и околните сириски села во средината на септември во која загинаа досега повеќе од 800 луѓе и повеќе од 200.000 пребегаа во Турција. Сунитските екстремисти зазедоа десетици курдски села околу Кобане и контролираат делови од градот. Коалициски сили предводени од САД извршија десетици воздушни напади врз позиции на екстремистите во и околу Кобане како поддршка за курдските сили кои го бранат градот.

Би можело да ве интересира

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск