Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Од:

Сириската противвоздушна одбрана денеска собори израелски проектили истрелани од окупираната Голанска Висорамнина на северот на Израел кон предградијата на Дамаск, чија цел била зграда, соопшти сириското Министерство за одбрана.

Воен извор за агенцијата Сана изјавил дека сириските сили за воздушна одбрана собориле дел од израелските ракети и дека е причинета мала материјална штета, пренесе Ал Џезира.

Израел со години изведува напади врз ирански цели во Сирија, но ги засили таквите напади од почетокот на војната во Газа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хезболах истрела околу 200 проектили кон Израел

Силна експлозија во израелскиот град Цезареја, сирени во Тел Авив, Хаифа…

Горан Наумовски

50 ракети истрелани од Либан кон северен Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка