Шведскиот регистар за Роми пред ЕУ-парламентот

Од:

Регистарот со податоци за преку 4.000 Роми, кој бил воден во компјутерскиот систем при полицијата во јужната шведска покраина Сконе под заедничка ознака „скитници“, утре ќе биде една од темите во дебатата во ЕУ-парламентот посветена на ситуацијата на Ромите во Европа, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Како појдовна основа за дебатата се најавени споменатиот шведски полициски регистар, како и жестоката дебата околу Ромите што се одвива во Франција во последно време.

Еврокомесарот за правда Вивиан Рединг, која ќе учествува во дебатата, на прес- конференција даде коментар околу шведскиот регистар, јави Шведската телевизија СВТ.

– Мораме да го знаеме и тоа дека Ромите, исто толку малку како и некои други граѓани, се ставаат вон законот. Доколку некој граѓанин, независно од неговото етничко потекло, постапува незаконски, тогаш е нормално земјата-членка да го повика на одговорност, вели Рединг.

Инаку, многумина од лицата кои се заведени во шведскиот ромски-регистар се неосудувани, а повеќе од 1.000 од нив се деца.

Полицијата потврди дека таков регистар постои, но истовремено наведе оти за него не била добиена дозвола од страна на раководството на полицијата во Сконе.

Станува збор за регистар кој се состои од разгрането дрво со приказ на роднински лози, каде што податоци за матични броеви и адреси се комбинирани со стрелки што ги посочуваат роднинските врски меѓу регистрираните лица. Високи полициски службеници изразија уверување дека зад регистарот стојат одделни полицајци.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло