Шулц: Трамп ги уништува западните вредности

Од:

Социјалдемократскиот ривал на канцеларката Ангела Меркел на претстојните парламентарните избори во Германија, Мартин Шулц, денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ги уништува западните вредности и ја поткопува меѓународната соработка.

– Некој мора да му се спротивстави на таков човек, чија идеологија е повторното вооружување, рече Шулц, пренесоа британските медиуми.

Трамп претходно денеска ја искритикува Германија за нивниот трговски суфицит и издвојување за војската, еден ден откако германската канцеларка Ангела Меркел изрази сомнеж дека САД се кредибилен партнер.

„Имаме огромен трговски дефицит со Германија, плус тие плаќаат многу помалку отколку што треба за НАТО. Тоа е многу лошо за САД и тоа ќе се промени“, напиша Трамп на својот налог на Твитер, пренесоа британските меидуми.

Би можело да ве интересира

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел