Штајнмаер: Русија не може да ја подели Европа поради Украина

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека Русија не може да успее да го уништи единството за санкциите во ЕУ поради Украина, користејќи стратегии со предлог за укинување на трговското ембарго против одделни држави од Унијата.

– Може да има обиди како овие и ќе ги има и во иднина. Такви обиди имаше и тие не беа успешни, истакна шефот на германската дипломатија.

Според него, земјите од ЕУ ја разгледувале оваа тема и постоеле несогласувања, но единството било неразделно.

– Ние донесовме одлука и затоа сметам дека обидите за поделба на Европа се неуспешни, нагласи Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина