Шојгу: Украина е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Од:

Русија е свесна за обидите на Украина да создаде валкана нуклеарна бомба и нејзината подготвеност да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека „САД и европските земји демонстративно ги игнорираат нуклеарните уцени на украинските власти, на пример, провокациите насочени против нуклеарната централа Запорожје“, која е под руска контрола, пренесува ТАСС.

Рускиот министер за одбрана најави дека Западот е заинтересиран да ја уништи економијата и воениот потенцијал на Русија.

„Главната цел на деструктивните напори на колективниот Запад е, се разбира, Русија. Уништување на нејзината економија, воен потенцијал, лишување од можноста да води независна надворешна политика“, рече Шојгу на состанокот на заедничката комисија на министерствата за одбрана на Русија и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Контрамерка на Путин: Дозволи користење на американскиот имот како обештетување за Русија

ВИДЕО: Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје

ВИДЕО: Војната во Украина е во брутална фаза

Катерина Ѓуровски

Русите зазедоа уште едно село во Луганската област

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски