Шкотска нема да учествува во преговорите за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Тереза Меј одби шкотските власти да учествуваат во преговорите за Брегзит со ЕУ, пренесоа француските медиуми.

-На овие преговори ќе преговарам како премиер на Велика Британија. Ќе продолжиме да разговараме и работиме со шкотската Влада и другите регионални управи, но изборот е јасен кој на 8 јуни ќе седи на масата за преговори – јас или Џереми Корбин, лидерот на лабуристичката опозиција, изјави Меј во Единбург, каде ја престави програмата на Конзервативната партија за парламентарните избори на 8 јуни.

На овој начин таа го отфрли барањето на шкотскиот прв министер Никола Старџен, која сака Шкотска да остане во ЕУ или на заедничкиот европски пазар откако на референдумот од 23 јуни минатата година мнозинството Шкотланѓани гласаа против Брегзит.

-Ако се има предвид дека таа сака Шкотска да се оддели од Велика Британија и да биде во ЕУ, човек може да се запраша од која страна на масата за преговори сака да седне, за Старџен кажа шефицата на шкотските конзервативци Рут Дејвидсон.

Официјалните претставници на ЕУ на 19 јуни се подготвуваат за почетокот на преговорите за Брегзит, но очекуваат датумот да се потврди по британските парламентарни избори, закажани за 8 јуни, пренесоа британските медиуми.

Европската комисија преговорите со Лондон ќе ги води од името на 27-те држави кои остануваат во ЕУ, кои на министерска средба во понеделник ќе го потврдат мандатот што му го даваат на главниот преговарач на ЕК, Мишел Барние.

Би можело да ве интересира

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски