Схетина: ЕУ нема да ги повлече санкциите кон Русија, но не треба ниту да ги засилува

Од:

Европските санкции против Русија нема да бидат повлечени, но не треба ниту да се засилуваат, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Гжегож Схетина за првата програма на Полското радио.

Неговата изјава предизвика дебата во Германија во однос на идната политика кон Русија, посочува радиото на својот сајт.

Овој полски електронски медиум потсети дека германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, и претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, го изразија ставот дека не треба да има натамошна ескалација на санкциите.

Во говорот во емисијата „Сигнали на денот“ шефот на полската дипломатија подвлече дека Штајнмаер и Шулц не зборуваат за олеснување на политиката на ЕУ кон Русија.

– Станува збор за тоа да не се засилуваат санкциите, за да не ја доубиеме Русија, рече министерот во интервјуто.

Според Схетина, оваа ситуација – вооружен конфликт и територијална агресија – не може да продолжи до бескрај и Русија треба да ја промени својата политика и да преземе чекори кои ќе доведат до тоа во иднина „да ги решаваме проблемите на преговарачката маса, а не во рововите, употребувајќи тешко оружје“.

Според него, конфликтот во Украина е закана за безбедноста на цела Европа и затоа сега „бизнисот и заработувањето пари се во втор план“.

Би можело да ве интересира

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна