„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

Од:

Европската комисија (ЕК) денеска ги извести кинеските производители на електрични возила (EV) за дополнителни тарифи за нивните производи кои ќе стапат на сила на почетокот на следниот месец.

Според најавата, за автомобилите BYD ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, Geely 20 отсто, а SAIC 38,1 отсто.

Другите кинески производители на автомобили ќе плаќаат тарифи од 21 отсто, додека компаниите кои не соработувале во истрагата за субвенционирање на ЕУ се соочуваат со царина од 38,1 отсто.

Досега царините за увоз на кинески електрични автомобили изнесуваа 10 отсто.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно овој месец предупреди на последиците од ограничувањето на трговијата со Кина, велејќи дека Европската унија не треба да ги затвора своите пазари за странски компании.

Ако Кина возврати со реципрочни мерки, германските производители на автомобили како Фолксваген или Бе-Ем-Ве (БМВ) ќе бидат најтешко погодени, пренесува Блумеберг.

„Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги брани своите законски права и интереси“, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на редовниот брифинг во Пекинг.

Кина би можела да и возврати на Европската унија со мерки во областа на земјоделството, авијацијата и автомобилската индустрија, а Пекинг веќе започна истрага за некои видови европски алкохолни пијалоци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 16 загинати во пожар во трговски центар во Кина

(ВИДЕО) Шестмина загинати во пожар во трговски центар во Кина

Горан Наумовски

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги

Огромен скандал во Кина: Во цистерни со гориво се транспортирало масло за јадењe

Кина: НАТО ја загрозува глобалната безбедност