Шесте арапски монархии од Заливот ќе формираат заедничка полиција

Од:

Шесте арапски монархии од Заливот одлучија да формираат заедничка полиција и военопоморски сили, соопштија светските агенции.

Одлуката беше донесена на вчера завршениот самит на Советот за соработка во Заливот, што се одржа во катарската престолнина Доха.

Катарскиот министер за надворешни работи Халид бин Мохамед ал Атија изјави дека полициските сили ќе ја подобрат соработката во борбата против тероризмот, пренесоа американските медиуми.

– Тоа ќе биде нешто слично на Интерпол, но во границите на земјите од Советот за соработка во Заливот (ССЗ), изјави министерот на прес конференцијата по средбата.

Локалниот печат информира дека заедничката полиција ќе се бори, исто така, и против шверцот на наркотици, перењето пари и кибер криминалот.

Штабот на новиот безбедносен орган ќе биде во Абу Даби, престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Планот за создавњето на заеднички военопоморски сили беше споменат во завршната декларација од средбата, но без никакви други детали, забележува ТАСС.

Во декларацијата монархиите од Заливот ја изразија „својата целосна поддршка за Египет“ и политичката програма на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Со овој став се забележува промена во позицијата на Катар, државата која долго време го поддржуваше египетското движење „Муслиманско братство“ и поранешниот претседател исламист Мохамед Морси, кој минатата година на сила беше соборен од армијата предвидена од Ас Сиси. 

Би можело да ве интересира

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот

Експертите предупредуваат на нова инфекција: „Грип од камила“ од Светското првенство

А1он