Шефот на пакистанската дипломатија Кареши во Кина на разговори за Кашмир

Од:

Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Кареши, замина за Кина во обид да изврши притисок врз Индија да ја смени одлуката за регионот Кашмир.

Американските медиуми јавиваат дека Кареши денеска ќе има средби со кинески официјални претставници. Тој оттаму ќе се обиде да ја убеди Индија да ја промени одлуката за укинување на специјалниот статус на регионот Кашмир.

Куреши изјави дека „пакистанските пријатели“ ќе ги информира за ситуацијата настаната по одлуката на Њу Делхи на Кашмир да му го одземе статусот на сојузна држава и да го сведе на територија, со што му ги намали и надлежностите гарантирани со индискиот Устав.

Исламабад најави и дека ја разгледува можноста за обраќање и пред Меѓународниот суд на правдата за овој потег на индиските власти.

Во Срингар, главниот град на индискиот дел на Кашмир, е воведен полициски час. Сите патишта се затворени, а пресечени се и сите комуникации и исклучен е Интернетот. Жителите се присилени да не излегуваат од своите домови додека илјадници индиски војници патролираат по улиците, пренесуваат американските медиуми.

Медиумите јавуваат дека владее страв од ескалација на бесот на граѓаните и предизвикување нови судири во овој регион, што со децении предизвикува спор меѓу Индија и Пакистан.

Кашмир, кој има мнозиснко муслиманско население, е хималајски регион во граничниот појас на три нуклеарни сили- Индија, Пакистан и Кина.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он