Во централна Словачка денеска се урна воен тренажен авион, а двајцата пилоти безбедно се катапултираа.
Портпаролката на словачкото Министерство за одбрана Данка Цапакова изјави дека авионот Л-39 Албатрос се урна во ненаселена област северно од градот Зволен.
Таа додаде дека двајцата пилоти безбедно се катапултирале.