Се урна противпожарен хеликоптер во Ајдахо, загинаа пилотите

Од:

Двајца пилоти на противпожарен хеликоптер загинаа кога авионот се урна во американската сојузна држава Ајдахо, објави федералната планинска служба.

Портпаролката на Националната шума Салмон-Чалис, Мери Черничек, рече дека Томас Хејс (41) од Ајдахо и Џаред Бирд (36) од Енкориџ, Алјаска, загинале од повредите здобиени кога Ć-47D се урна во реката Салмон околу 15:30 часот во четвртокот, објави АП.

Пилотите беа вработени во компанијата „Ротак“ од Енкориџ, која беше ангажирана да го изгасне пожарот „Мос“, кој гори на околу 21 милја (34 км) северно од Салмон.

Черничек рече дека и двајцата пилоти биле „исклучително искусни“, дека се воени ветерани и дека спасувачките служби успеале да ги извлечат од урнатините, да ги однесат во болница, но таму не преживеале.

Компанијата „Ротак“ на својата веб-страница потврди дека до несреќата дошло и побара молитви за настраданите и приватност за нивните семејства.

Хеликоптерската несреќа во Ајдахо доаѓа неколку дена откако четворица патници загинаа во хеликоптерска несреќа во Ново Мексико.

Би можело да ве интересира

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

Спорна дозволата на една третина од пилотите во пакистанска авиокомпанија

Жарко Настоски

По повеќе од десет години М-НАВ ќе школува нова класа контролори на летање

Ана Ололовска

Се урна словачки воен авион, двајцата пилоти се катапултираа

Рокот за запишување идни пилоти продолжен до 20 октомври

Наум Локоски

Почна обуката на осмата генерација кандидати за пилоти во АРМ

Наум Локоски