Саудиска Арабија донира една милијарда долари за либанската армија

Од:

Саудиска Арабија донира на либанската армија, која војува со џихадисти на границата со Сирија, една милијарда долари за зајакнување на безбедноста на земјата, изјави во Џеда поранешниот либански премиер Саад Харири.

– Кралот Абдула ме информира дека донел одлука да донира за либанската армија и националните сили за безбедност една милијарда долари за зајакнување на капацитетите и безбедноста на Либан, изјави највисокиот политички претставник на либанската сунитска заедница.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан