Само една доза од вакцината нема да штити од мутираниот коронавирус, предупредуваат научници

Од:

Британија става ранливи луѓе под зголемен ризик од мутираните соеви на коронавирусот, со одложувањето на втората доза од вакцината, изјави денеска главниот советник на јужноафриканската влада за имунизацијата.

Јужна Африка бележи остар скок во бројот на новозаразени со нова варијанта на вирусот, за која научниците од земјата тврдат дека може да ги намали ефектите од вакцините.

Оваа закана е потврдена со нови лабораториски тестови кои покажуваат дека антителата можат да бидат и до десет пати помалку ефективни против новата, „јужноафриканска“ варијанта на вирусот, која е посебна од мутацијата откриена во Велика Британија.

Професорот Бери Шрауб, претседавач на јужноафриканскиот советодавен комитет за имунизација, изјави дека граничните контроли нема да го запрат вирусот и дека давањето само една доза од вакцината ќе ја намали заштитата на најранливите.

„Постои поголем ризик. Оваа варијанта полесно се пренесува, а вашиот имунитет е половина од тоа што треба да биде, па тоа ќе го зголеми ризикот од пренесување“, вели Шрауб, кој додава дека ова треба да биде мотивација да се оди со двојна доза од вакцината, колку што тоа е можно.

Предупредувањето од професорот Шрауб доаѓа откако нови истражувања покажаа оти клучна мутација на вирусот му дозволува да ги избегне антителата присутни кај некои од луѓето кои прележале Ковид-19.

Ова, според јужноафриканските научници, значи дека вакцината ќе биде помалку ефективна против мутираните типови на вирусот, а некои луѓе кои веќе ја прележале болеста, би можеле да бидат во ризик повторно да се заразат.

Истражувачи од Универзитетот во Вашингтон и од Центарот за истражување на ракот од САД, ги нарекоа „загрижувачки“ наодите од Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска