Салвини: Примањето бегалци во ЕУ е самоубиствено однесување

Од:

Прифаќањето нови бегалци во Европа е самоубиствено однесување, оцени италијанскиот вицепремиер Матео Салвини на синоќешната заедничка прес – конференција со полскиот министер за внатрешни работи Јоахим Бруџински.

Тој истакана и дека како министер за внатрешни работи на Италија нема да дозволи примање мигранти.

– Како министер никогаш нема да се согласам на примање нови мигранти. Се согласувам со полските колеги дека е потребно да ја забрзаме постапката за депортација, рече Салвини по средбата со Бруџински.

Италијалниот министер на прес – конференцијата рече дека примањето нови бегалци е „ризик од типот на пилот камиказе“.

Полскиот министар изјави дека со Салвини го разгледал проблемот на миграцијата, посебно состојбата во северна Африка и на Блискиот исток и оти како членки на Европската унија со надворешна граница, Италија и Полска имаат слични проблеми.

– Би сакал посебно да нагласам дека Полска смета дека најефикасна помош за проблемите на лицата засегнати од воени судири е да им се помогне на место, значи на тоа место каде ги погодува реалната трагедија, рече Бруџински.

Тој нагласи дека Полска секоја година ги зголемува финансиските средства за хуманитарна и развојна помош, дека во 2017 година хуманитарната помош била шест пати поголема од 2015 кога почна бегалската криза и оти хуманитарната помош достигнала 41,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим