Пред судските органи, Сабин Мариќ, државјанка на Брегот на Слоновата коска се бранела дека својот сопруг во моментот кога удирала со дупчалката не сакала да го убие, туку да го заплаши.
Сабин тврди дека таа била љубоморна на својот 39 годишен сопруг Бранко кој во текот на мировната мисија во Уганда запознал друга жена и не и посветувал доволно внимание нејзи и на децата.
Пред убиството Сабин и Бранко имале жестока расправија, по што Сабин со дупчалка неколку пати го удрила сопругот по глава, а потоа се обидела да го отруе со лекови.