САД со критики кон Русија и Кина за недоволна борба против трговијата со луѓе

Од:

САД упатија критики кон Русија и Кина дека не вложуваат доволно напори во борбата против трговијата со луѓе.

Годишниот извештај на Стејт департментот за борбата против трговијата со луѓе го отвора патот за наметнување на санкции против овие две светски сили. Активистите ги поздравија американските критики, кои сепак претставуваат ризик за дополнително влошување на и без тоа заладените односи на Вашингтон со Москва и Пекинг.

Русија, Кина, Северна Кореја, Сирија и уште 17 земји спаѓаат во третата група според класификацијата на американскиот Стејт департмент, која опфаќа вкупно 188 држави.

Претседателот Барак Обама има 90 дена, за да реши дали ќе воведе санкции кон овие земји. Обама може да воведе блокада на различни видови помош и да ја повлече поддршката на САД за кредити доделени од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Уште 25 земји се соочуваат со истата судбина. Меѓу нив се Авганистан, Тајланд, Малезија, Малдивите, Чад и Барбадос.

Според извештајот околу 27 милиони лица во светот се претворени во робови.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани