САД: Ако Навални е отруен, виновниците да се најдат и казнат

Од:

Ако се потврди информацијата за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој од 20 август е во кома, тогаш виновните мора да бидат казнети, а овој настан ќе стане критичен момент за Русија, изјави денеска американскиот амбасадор во Москва Џон Саливен. Според него, можното труење на Навални, за САД е „сериозен настан“.

– Ако се потврди дека Алексеј Навални навистина бил отруен, тоа ќе биде критичен момент за Русија. Рускиот народ заслужува да ги види казнети, сите кои се вовлечени во овој чин, изјави Саливан, пренесе Интерфакс.

Според Саливен, во Русија се ограничени низа слободи поради односот на руската власт кон критиката.

– Ако Навални е отруен, тоа е ќе биде мошне сериозен настан за САД. Ја следиме реакцијата на руската власт на протестите и критиките против неа. Слободата на изразувањето и собирање, фундаментални принципи за секоја демократија, продолжуваат да се ограничуваат, додаде тој.

На рускиот опозициски лидер му се слоши на 20 август за време на лет од Томск до Москва. Авионот мораше итно да слета во Омск за на Навални да му се укаже помош.

Опозиционерот, кој кратко време пред тоа пиел чај на аеродромот во Томск, беше донесен во тешка здравствена состојба во болницата во Омск. На 22 август тој беше преземен од германските лекари и со лет од Омск пренесен во берлинската клиника „Шарите“.

Германските лекари денеска потврдија дека тешката здравствена состојба на Навални е предизвикана од труење, наводно со таканаречени инхибитори на холинестераза. Според специјалистите, овие супстанци се среќаваат во најраспространетите боени отрови како сарин и соман, како и рускиот „новичок“. Сепак, тие се наоѓаат и во некои лекови и во други хемикалии кои немаат врска со воени цели, велат експертите.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува