Рускиот вселенски брод „Сојуз“ се закачи за Меѓународната вселенска станица

Од:

Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со меѓународен екипаж во него рано утринава се закачи за Меѓународната вселенска станица, пренесе ТАСС.

Бродот „Сојуз“, со тричлен екипаж, во кој се наоѓаат рускиот космонаут Антон Шкаплеров од „Роскосмос“, Американецот Тери Вартс од НАСА и Италијанката Саманта Кристофорети од Европската вселенска агенција, синоќа беше лансиран од космодромот во Бајконур на пат за МВС.

Expedition_42_crew_large

Тројцата космонаути од „Сојуз“ ќе му се придружат на тричлениот екипаж на МВС, во кој веќе се наоѓаат руските космонаути Александар Самокутаев и Елена Серова и астронаутот на НАСА Бари Вилмор.

За прв пат   на станицата, која постои 16 години, во долгорочна мисија ќе има истовремено две жени. Покрај тоа, Саманта Кристофорети е првата жена космонаут од Италија.

Врските меѓу „Сојуз“ и МВС ќе бидат отворени меѓу 7.30 и 8 часот утринава по московско време, соопшти Центарот за управување со летовите, цитиран од ТАСС.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало