Руски дрон влезе во романскиот воздушен простор, авионите не успеаа да го срушат

Од:

Руски дрон „Шахид“ влезе во воздушниот простор на Романија, а армијата на оваа земја веднаш крена авиони Ф-16, кои не успеаја да го соборат леталото.

Инцидентот се случи во 18:00 часот по локално време во Романија, а според податоците објавени од романската армија, дронот успеа да влезе дури 20 километри на територијата на оваа земја.

Романската армија изјави дека дронот не претставувал закана за цивилното население и дека, по полетувањето на авионот Ф-16, дронот исчезна од радарот и веројатно се врати во украинскиот воздушен простор.

На социјалните мрежи се појави информација дека дронот е соборен, но податоците објавени од романската војска не ги потврдија тие тврдења.

Руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Полска минатата недела, што предизвика бројни реакции низ цела Европа.

Како реакција на овој инцидент, кој Кремљ го опиша како „грешка“, НАТО ја објави операцијата „Источна гарда“, која ќе ги зајакне одбранбените капацитети на земјите на источната граница на Алијансата. Многу експерти веруваат дека ваквите упади не се грешка, туку дека Русите всушност ја тестираат одбраната на земјите-членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украина има нова стратегија во војната со Русија

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари, одобри ММФ